ВЕСТИ / КАМПАЊИ / РЕАКЦИИ И СООПШТЕНИЈА
СОБРАНИЕТО ГО СОКРИ ОГЛАСОТ ЗА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ОД ЈАВНОСТА! БАРАМЕ СОБРАНИЕТО ДА ГО ПОНИШТИ И ПОВТОРНО ДА ГО ОБЈАВИ ОГЛАСОТ НА ТРАНСПАРЕНТЕН НАЧИН!
Собранието на РСМ на крајно нетранспарентен и малициозен начин ја започна постапката за именување нов Народен правобранител. На 22-та пленарна седница, одржана на 26.11.2020 година, Собранието изгласало Одлука за распишување …
ОБЈАВЕНО НА 01 ДЕКЕМВРИ 2021 ОД ADMIN
Собранието на РСМ на крајно нетранспарентен и малициозен начин ја започна постапката за именување нов Народен правобранител.
На 22-та пленарна седница, одржана на 26.11.2020 година, Собранието изгласало Одлука за распишување на оглас за избор на Народен правобранител. Имајќи ги предвид јавниот интерес за избор на првиот човек на најголемата национална институција за човекови права, како и почитувањето на Париските принципи за национална институција за човекови права на ООН и Принципите за заштита и промоција на Омбудсманот на Венецијанската комисија , Мрежата за заштита од дискриминација повеќе пати апелираше одлуката за распишување оглас за избор на Народен правобранител да биде објавена јавно и транспаренто. Наместо тоа, Собранието на РСМ оваа одлука ја објави само во Службен Весник бр.285 од 30.11.2020 и во три печатени медиуми: Слободен Печат, Нова Македонија и Koha.
Имајќи го предвид повеќегодишниот тренд на напуштање на печатените медиуми и сѐ поголемо читање и информирање од електронските медиуми, може да се заклучи дека ваквото објавување на огласот е тенденциозно со цел што помала информираност на јавноста, а со тоа и на потенцијалните заинтересирани кандидати за пријавување по огласот. Ниту еден поголем електронски медиум, вклучително споментатите печатени медиуми на своите веб-страници, немаа објевено никаква информација за огласот за избор на Народниот правобранител. Оваа е особено симптоматично бидејќи повеќе поголеми медиуми континуирано известуваа околу потребата за распишување на оглас за избор на нов Народен правобранител и покажува дека Собранието не ги известило ниту медиумите за оваа одлука. За ова воедно говори и фактот што ниту една релевантна домашна или меѓународна организација воопшто не беше запознаена со распишувањето на огласот за избор на нов Народен правобранител, ниту со рокот во кој заинтересираните кандидати можеа да се пријават на огласот.
Дополнително, малициозен е и начинот на објавување на одуката за распишување на огласот на веб-страницата на Собранието. Сите јавни огласи на Собранието се објавени на веб-страната на Собранието во категоријата „Огласи“ . До моментот на изготвување на оваа реакција огласот за избор на нов Народен правобранител не може да се најде во оваа категорија, а одлуката за него може да се најде само во дневниот ред за 22-та седница, објавен во делот „Пленарни седници“. Оттука, јасно е дека целта на Собранието е да го затскрие огласот од очите на јавноста и се остави поголем простор за партиско пазарење во изборот на Народниот правобранител помеѓу парламентарните партии.
Мрежата за заштита од дискриминација ги осудува и пратениците/чките кои гласале по предлог одлуката за објавување на оглас за избор на нов Народен правобранител, а за истото не ја известиле јавноста, особено бидејќи го знаеле начинот на објавување на јавниот оглас.
Со оглед на тоа дека огласот за избор на нов Народен правобранител е истечен, а неговото објавување е направено на начин со кој се кршат принципите на јавност, транспарентност и конкурентност во постапката за избор на нов Народен правобранител, предвидени и со Париските принципи за национална институција за човекови права на ООН и Принципите за заштита и промоција на Омбудсманот на Венецијанската комисија, Мрежата за заштита од дискримианција бара од Собранието на РСМ да го поништи овој оглас и јавно и транспарентно да објави нов оглас за избор на Народен правобранител.
Собранието веќе еднаш се има послужено со ваква пракса при објавувањето на оглас за членови во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, кога го поништи објавениот оглас од јуни 2019 година и кога објави нов оглас за избор на членови на Комисијата во декември 2019 година.
Оправдано се соменваме дека огласот намерно не се дистрибуирал во јавноста бидејќи кандидатот за Народен правобранител е веќе договорен помеѓу партиите. Оттука, пропаѓаат сите ветувања за департизација на општеството, а особено за независните институции за човекови права кои имаат мандат да ги штитат правата на граѓаните од власта. Прашуваме, како е возможно кандидат назначен по партиски клуч ефикасно да ги штити правата на граѓаните кога тие се повредени од страна на истата власт?!
Ветувањето за „едно општество за сите“ останува празна предизборна флоскула доколку не се назначат соодветни кадри кои ќе работат на реформирање и унапредување на клучните институции кои ги штитат правата и еднаквоста на граѓаните. Партиското назначување на кадри во овие институции само по себе е јасен показател за недостатокот на волја за унапредување и почитување на правата на граѓаните и негрижа за доборосостојбата и напредокот на земјата. Народниот правобранител е последната институција во која треба да се вдомуваат нестручни партиски кадри, бидејќи на ваков начин се повредуваат одредбите од Уставот кои гарантираат независност на институцијата.
Соопштението е достапно на албански јазик ТУКА
Лице за контакт:
Игор Јадровски
02311907
24.12.2020
ОБЈАВЕНО ВО ВЕСТИ / КАМПАЊИ / РЕАКЦИИ И СООПШТЕНИЈА
ВЕСТИ / КАМПАЊИ / НОВОСТИ / НАСТАНИ / РЕАКЦИИ И СООПШТЕНИЈА
ПРВА ТУЖБА ПРОТИВ УЧЕБНИК ОД ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВРЗ ОСНОВА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
ОБРАЗОВАНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА РАСАД ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА И ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА РОД, СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ Тужба за утврдување на дискриминација во учебникот „Основи на персонологија 2“ …
ОБЈАВЕНО НА 01 ДЕКЕМВРИ 2021 ОД ADMIN
Тужба за утврдување на дискриминација во учебникот „Основи на персонологија 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков, што се користи во наставната програма на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје поднесе невладината Коалиција Маргини заедно со Мрежата за заштита од дискриминација. Обвинување на жените за зголемениот број на разводи, осуда на прекинувањето на бременост и квалификување на истополовите партнерства како забеганост, се само дел од вознемирувачка содржина што бараме да биде отстранета и заменета со научно заснована содржина што е во чекор со современата научна мисла. Институциите имаат обврска да обезбедат образование насочено кон целосен развој на личноста и кон зајакнување и почитување на човековите слободи и права, поради што мора да биде ослободено од сите форми на дискриминација.
По неколку обиди да го привлечеме вниманието на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Филозофскиот Факултет и на авторите на спорните учебници кои се дел од наставната програма на оваа единица, и да побараме повлекување на спорните содржини, наидовме на отпор и игнорирање на нашите барања. Дополнително, споменатиот автор на учебникот е веќе професор во пензија, но неговите спорни учебници сѐ уште се користат во наставата на овој факултет.
Коалицијата Маргини, заедно со партнерските организации од Мрежата за заштита од дискриминација, подолго од една декада работи на елиминирање на дискриминирачките содржини во учебниците кои содржат невистни, научно незасновани ставови преку кои се одржуваат родовите предрасуди и стереотипи и се вознемируваат луѓето со различна сексуална ориентација и родов идентитет. Идентификуваваме повеќе од 20 учебника во сите нивоа на образование што содржат дискриминирачка содржина, најчесто врз основа на род, сексуална ориентација, родов идентиет и здравствен статус, а по наша иницијатва дел од овие учебници беа отстранети. Сепак, останува фактот дека образовните програми и материјали сé уште се полни со содржини што создаваат и одржуваат понижувачка и непријателска средина за жените, сексуалните и родовите малцинства.
На потребата од измена на наставните материјали уште во 2011 година укажа и Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата, но досега малку е направено за елиминирање на дискриминацијата во образованието.
Поради ова, Коалицијата Маргини и Мрежата за заштита од дискриминација ја инфомира јавноста дека, покрај судската постапка, започнуваме со серија активности за подигнување на свеста на стручната и општата јавност за потребата од реформи во образованието со кои ќе се обезбеди квалитет во знаењата, напредок во науката и создавање нови генерации на вистински професионалци кои во својата професија ќе се водат од фактите, а не од предрасудите.
Лице за контакт:
Наташа Бошкова
075200805
Скопје, 9.12.2020
Соопштението е достапно на албански јазик ТУКА.
ОБЈАВЕНО ВО ВЕСТИ, КАМПАЊИ, НОВОСТИ, РЕАКЦИИ И СООПШТЕНИЈА
ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА „ДИСКРИМИНАЦИЈАТА ЗАВРШУВА СО МЕНЕ!“
Мрежата за заштита од дискриминација започна со кампања за покренување на јавната свест за недискриминација. Кампањата под слоганот „Дискриминацијата завршува со мене!“ ги повикува граѓаните да не молчат пред дискриминацијата, да …
ОБЈАВЕНО НА 01 ДЕКЕМВРИ 2021 ОД ADMIN
Мрежата за заштита од дискриминација започна со кампања за покренување на јавната свест за недискриминација. Кампањата под слоганот „Дискриминацијата завршува со мене!“ ги повикува граѓаните да не молчат пред дискриминацијата, да ја спречат и да ја пријават.
Во наредниот месец, преку видео спотови, трибини во четири градови и флаери, граѓаните ќе може да се информираат за Законот за спречување и заштита од дискриминација, за групите на граѓани кои се најмногу погодени од нееднаквоста, каде сѐ е присутна дискриминацијата, каде се пријавува и што можат тие да преземат. Кампањата има за цел да испрати порака дека дискриминацијата има бројни негативни последици по индивидуите и по општеството како целина, како: сиромаштија, насилство, социјална изолација, повреда на достоинството, неможност за професионален напредок, ниско ниво на образование, намалена самодоверба, нарушување на физичкото и менталното здравје итн.
Видео кампањата се состои од три спотови коишто во наредниот период ќе се емитуваат на три национални телевизии и кои прикажуваат неколку групи на луѓе секојдневно соочени со предрасуди и дискриминација од страна на околината (Роми, ЛГБТИ и луѓе со попреченост). Кампањата повикува на почитување на еднаквоста од страна на сите граѓани бидејќи таа е предуслов за постигнување на благосостојба на целото општество и клучен принцип, гарантиран со Уставот на РС Македонија. Кампањата повикува на еднаквост, спречување на дискриминација и неучество во неа!
Мрежата повторно апелира до Собранието на РСМ во наредните две недели да го избере новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, со цел да се започне со спроведување на Законот и да се овозможи заштита во случаите на повреда на еднаквоста на граѓаните. Воедно, ја потсетуваме Владата и пратениците од мнозинството дека унапредување на системот на превенција и заштита од дискриминација беше клучно предизборно ветување, кое сѐ уште не е остварено.
Спотовите на македонски и на албански јазик може да ги најдете на YouTube каналот на Коалиција Маргини:
https://www.youtube.com/channel/UCOANy0idRZDMyA01Gsk99UQ/featured
Повеќе информации за работата на Мрежата за заштита од дискриминација и нејзините членки може да најдете на:
https://www.facebook.com/mrezazazastitaoddiskriminacija
ОБЈАВЕНО ВО ОБЈАВЕНО ВО ВЕСТИ, КАМПАЊИ