Информации за членство во Мрежата за заштита од дискриминација
Начини и принципи на работа на МЗД:
Мрежата за заштита од дискриминација работи на унапредување на политиките и практиките за спречување и заштита од дискриминација преку стратешко застапување на случаи, тестирање и набљудување на работата на институциите, јакнење на капацитетите на заедниците, институциите и другите клучи актери, промоција на еднаквоста, недискриминацијата и човековите права на маргиналзиираните заедници, спроведување на истражувања и анализи во областа на анти-дискриминацијата, учество во донесување на одлуки и иницирање на промени во политиките и законите, известување и застапување пред регионалните и меѓународните механизми за човекови права и еднаквост со цел унапредување на еднаквоста во Република Северна Македонија.
Мрежата за заштита од дискриминација работи преку редовни состаноци и заедничко спроведување на активности. Членките редовно споделуваат информации за случаи, процеси и начин на постапување на институциите, соработуваат во креирањето на активности и во спроведувањето, заеднички застапуваат и се координираат при застапувањето, ја подджуваат и промовираат каузата на Мрежата за заштита од дискриминација и каузите на членките. Притоа, активно учествуваат во спроведувањето на активностите на мрежата, навремено и квалитетно ги исполнуваат задачите, редовно комуницираат преку емаил група. Членките се должни да постапуваат одговорно, доверливо и да го почитуваат принципот на еднаквост и недискриминација во заедничкото делување. Членките заеднички обезбедуваат средства за работење на Мрежата и имаат обврска да отстапат дел од своите човечки, технички и финансиски капацитети за функционирање на Мрежата, а согласно потребите.
Вредности на Мрежата за заштита од дискриминација:
➤ Суштествена еднаквост
➤ Социјална правда
➤ Родова еднаквост
➤ Промоција на различностите
➤ Транспарентност, отчетност и одговорност
➤ Добро владеење
➤ Соработка
Начин на аплицирање за членство:
За да аплицира за членство, здружението треба да достави пополнета апликација и документи со кои покажува дека ги исполнува горенаведените критериуми. Документите се доставуваат на емаил mrezazazastitaoddiskriminacija@gmail.com
Мрежата за заштита од диркиминација ќе одговори на барањето за членство во рок од два месеци од добивање на апликацијата. Членките на мрежата ја разгледуваат апликацијата, дискутираат и донесуваат одлука со консензус.
Заинтересираните здруженија треба да ги достават следните документи:
✔ Решение за регистрација
✔ Стретешка рамка и/или акциски планови на здружението од последните 5 години, годишни извештаи од последните 5 години и портфолио на спорведени и тесковни проекти од последните 5 години кои содржат податоци за донаторот, клучните активности, цели и постигнатите резултати од проектите
✔ Извештаи од обезбедена правна помош од последните 3 години, кои содржат податоци за бројот на обезбедени услуги, застапувани случаи, успешно застапувани случаи, стратешко застапување и слично
✔ Договор за вработување или за ангажирање на правник
✔ Изјава потпишана од одговорно лице со која се искажува подготвеност да се работи кон остварување на целите и активностите на Мрежата, да се промовира работењето на Мрежата на национално и меѓународно ниво и да се поддржи мрежата песонално, технички и финансиски
Целосно пополнета апликација за членство, достапна овде:
Апликација за членство