Мрежа за заштита од дискриминација обезбедува поддршка и услуги за лица и групи кои се соочуваат со дискриминација, повреда на човековите права и социјална исклученост. Преку своите членки и партнерски организации, Мрежата нуди бесплатна правна, психолошка и социјална помош, како и поддршка во постапки пред надлежните институции.
Нашите сервиси и услуги опфаќаат:
➤ Бесплатна правна помош и правно советување
➤Поднесување претставки и застапување пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, судови и други институции
➤ Стратешко застапување во случаи на дискриминација и повреда на човековите права
➤ Психолошка и социјална поддршка
➤ Придружба и помош при остварување права пред институции
➤ Едукација, информирање и јакнење на капацитетите на граѓаните
➤ Поддршка за маргинализирани и ранливи групи
➤ Мониторинг, истражувања и подготовка на извештаи и анализи во областа на недискриминацијата
Услугите се достапни преку организациите членки на Мрежата, кои делуваат на локално и национално ниво и обезбедуваат професионална и доверлива поддршка во согласност со принципите на еднаквост, достоинство и почитување на човековите права.