ВЕСТИ
ВЕСТИ
ВЕСТИ / НОВОСТИ / РЕАКЦИИ И СООПШТЕНИЈА
Мрежата за заштита од дискриминација ќе поднесе претставка до Уставниот суд за начинот на избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Претставниците на Мрежата за заштита од дискриминација, денеска (сабота 23.12.23) одржаа прес конференција и упатија апел до пратениците кога ќе гласаат за членови на Комисијата за спречување и заштита од …
ОБЈАВЕНО НА 23 ДЕКЕМВРИ 2023 ОД ADMIN
Претставниците на Мрежата за заштита од дискриминација, денеска (сабота 23.12.23) одржаа прес конференција и упатија апел до пратениците кога ќе гласаат за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) тоа да биде непристрасно и во корист на граѓаните заради кои и постои оваа институција.
Ние не бараме места за претставници за граѓанските организации во Комисијата, не бараме пратениците, политичките партии да ни направат услуга и да не’ изберат. Ние бараме фер, транспарентен избор, согласно закон, не за една, не за две позиции, туку за сите позиции во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а ова Собрание, со години, нема политичка волја тоа да го направи.
„Одлуката да ми го дадат најкраткиот мандат во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е понижувачка, не само кон мене, туку и кон целиот граѓански сектор и експертите што со години се занимаваат со дискриминацијата. Јавно кажувам дека нема да го прифатам најкраткиот мандат и сметам дека кон мене е сторена политичка дискриминација, бидејќи не сум поврзана со политичка партија, додека на другите кандидати кои се поврзани со политички партии им се дадени подолги мандати. За мене ова значи дека му се спротивставуваме на потценувачкиот однос кон граѓанскиот сектор, кон експертизата и знаењето и нема да дозволиме да мислат дека со тоа што ќе ни дадат мандат од 1 година и 2 месеци ќе не’ замолчат“, порача Драгана Дрндаревска, кандидатка за член во КСЗД .
Десет години ги убедувавме политичките партии дека треба да имаме сеопфатна заштита од дискриминација, да имаме професионално и независно тело што ќе ги штити сите граѓани од дискриминација и фактички ќе придонесе кон подобро општество за сите. Но со изборот на партиски кадри, независноста на Комисијата е повторно ставена под знак на прашање.
„За луѓето чии имиња деновиве циркулираат во јавноста, освен името на претставничката на граѓанскиот секот, Драгана Дрндаревска, владејачката стурктура можеби ќе рече дека се компетентни и дека може да ја извршуваат функцијата, но за сите нас кои присуствуваме на седницата на Комисијата за избори и именувања, беше многу јасно кој е компетентен и ги исполнува условите. Во Законот се вели: 7 годиини работно искуство во областа на човековите права, од кои 5 години во областа дискриминација. Вчечаток е дека голем број од кандидатите мислат дека ги исполнуваат условите само заради тоа што се правници, нашите кандидати, сите кои се пријавија од граѓанскиот сектор имаат работено конкретно во областа дискриминација и тоа беше многу видливо кога се претставуваа. Сакам да го потсетам Социјалдемократскиот сојуз дека кога беа опозиција најмногу ја критикуваа работата на оваа КСЗД, токму поради изборот на партиски членови. Ги повикувам пратениците добро да размислат пред да гласаат бидејќи не може да се очекува луќе кои се избрани заради нивната партиска поврзаност да бидат непристрасни, фукцијата да ја извршуваат професионално и отчетно кон граѓаните. Не заборавајте – политичката дискриминација во Македонија е многу присутна и тргнувајќи од тоа не може да се очекува дека лицата што се избрани врз осова на партиска дека ќе можат непристрасно и професионално да одлучуваат токму во тие случаи на политичка дискриминација“, истакна Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
При постапката на избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) направени се неколку законски пропусти. Со оглед на тоа дека кандидатите треба да имаат 5 години искуство во областана дискриминацијата, а 7 години во областа на човековите права, очигледно е дека овааодредба многу широко се толкува затоа што делод предложените кандидати го немаат тоа искуство.
„Очигледно е дека погрешно е толкуван Законот, дека мандатот на јавен функционер, односно некој што е избран за вршител на јавнафункција од страна на Собранието. Мандатот не може да биде пренесен, ако истиот е истечен како во овој случај. Тоа е грешка, што треба да се исправи, затоа што мандатот не може да биде пренесен на друго лице, како што е случајот со Драгана Дрндаревска која е предложена за мандат од 1 година и два месеци, за разликаод другите кои имаат мандат од 5 години, а мандатот е истечен односно времето во кој требаше да биде избрано лице за таа позиција“, рече Александра Цветановска, претседателка на Mакедонско здружение на млади правници.
Дополнително што меѓу предложените кандидати нема лица со попреченост, иако меѓу пријавените имаше луѓе кои имаат попреченост, а кои имаат големо искуство во оваа област. А комисијата, според Законот, како тело треба да ги одрази различностите во општеството, како и по основ на род, односно родово балансирано членство во Комисијата. Укажуваме дека треба да се размисли како суштински ќе се придонесе кон борбата против дискриминацијата затоа што изминатите 10 години работиме на јакнење на Комисијата и имаме успех во тоа, а со дел од предложените кандидати неизвесно е дали ова тело суштински ќе придонесе во борбата потив дискриминацијата.
Кандидатите за членови во Комисијата од граѓанскиот сектор Елена Кочовска, Давид Тасевски и Маја Атанасова кажаа дека со ваквиот избор, државата покажува дека не сака да има функционални институции и не сака луѓе кои, и покрај својата различност, можат многу да придонесат во развојот на државата. Не сакаме да дозволиме дека Комисијата која треба да им служи на најранливите граѓани во државата да стане жртва на партиското вработување. Не правиме притисок, туку Комисијата да ги отсликува различните целни групи. Во изборот на кандидатите за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратениците не го почитувале законот и заради тоа Мрежата за заштита од дискриминација ќе поднесе претставка до Уставниот суд.
ОБЈАВЕНО ВО ВЕСТИ, НОВОСТИ, РЕАКЦИИ И СООПШТЕНИЈА
Покана за прес конференција по повод изборот на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Мрежата за заштита од дискриминација на 23.12.2023 (сабота) во 10.00 часот во Социјален клуб Комитет (катна гаража Беко) ќе одржи прес-конференција во врска со изборот на членови на КСЗД. Денес …
ОБЈАВЕНО НА ОБЈАВЕНО НА 22 ДЕКЕМВРИ 2023 ОД ADMIN
Мрежата за заштита од дискриминација на 23.12.2023 (сабота) во 10.00 часот во Социјален клуб Комитет (катна гаража Беко) ќе одржи прес-конференција во врска со изборот на членови на КСЗД.
Денес на пленарна седница Собранието ќе донесе одлука за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Комисијата за прашањата за изборите и именувањата на вчерашната седница ја утврдија листата на кандидати. По петгодишен мандат добија кандидатите/ките Флора Кадриу, Душан Томшиќ и Зекир Абдулов, а Драгана Дрндаревска, доби мандат од 1 година 2 месеци и осум дена.
Изборот на членови на КСЗД го сметаме за партиски и незаконит, со што се нарушува владеењето на правото, се покажува крајна негиржа за човековите права и еднаквоста на граѓаните, а од страна на пратениците ова претставува злоупотреба на службената положба за остварување на партиски цели. Преку изборот се врши политичка дискриминација преку давање предност на кандидати кои не ги исполнуваат условите, кон кандидатите кои ги исполнуваат. На прес- конференцијата ќе се обрати и една од избраните кандидатки, Драгана Дрндаревска, која доби мандат од една година и два месеци, иако е единствената независна експертка која ги исполнува законските криетриуми помеѓу избраните кандидати.
Лице за контакт: Тона Карева
+389 (0)2 3119 073 +389 (0)78 220 694
Мрежа за заштита од дискриминација бара во Комисијата да се изберат жени и претставници од маргинализираните заедници, а партиите да се воздржат од влијанија
Претставниците на граѓанскиот сектор кои денеска (18.12.23) присуствуваат на седницата на Комисијата за избори и именувања, на која се расправа за утврдување предлог-листа за избор на членови на Комисијата за …
ОБЈАВЕНО НА 19 ДЕКЕМВРИ 2023 ОД ADMIN
Претставниците на граѓанскиот сектор кои денеска (18.12.23) присуствуваат на седницата на Комисијата за избори и именувања, на која се расправа за утврдување предлог-листа за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), одржаа прес конференција на која беше кажано дека особено важен елемент што беше нотиран и во Извештајот за 2023 година, на Европската комисија, е правичната и соодветната застапеност на сите општествени групи во соствот на Комисијата.
„Мрежата за заштита од дискриминација бара родово балансирано учество од минимум три жени во новиот состав, како и припадници на сите маргинализирани групи, како што се лицата со попреченост, Ромите и ЛГБТИ лицата, под услов да ги исполнуваат законски предвидените услови“, истакна Атанас Аврамов од здружението „Заедно посилни“.
Телата за еднаквост, како што е оваа Комисија се од особено значење за една држава, не само за заштита од дискриминација туку и за промоција на човековите права и слободи. Без оглед на кадровските и финансиските предизвици на Комисијата, нејзината работа беше препознаена од страна на Европската комисија во извештаите за напредокот на Република Северна Македонија за 2022 и за 2023 година.
За борбата против дискриминацијата е особено важно Комисијата да има континуитет, нејзино ефикасно и ефективно работење, заштитувајќи ги човековите права и слободи, гарантирани со Уставот, законите и ратификуваните меѓународни конвенции.
Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска констатираше дека слично како и во 2019 година кога се избираше претходниот состав на Комисијата, само неколку исти пратеници биле заинтересирани за квалитетот на пријавените кандидати и присуствувале во салата. Денеска се присутни 3-4 пратенички и претставниците на граѓанскиот сектор.
„Досега, сме крајно разочарани од квалитетот на кандидатите и нивното претставување и со оглед на тоа што се случи со Комисијата за антикорупција, членовите што се избраа и како се избраа, загрижени сме и скептични сме дека овој пат ќе се води сметка да се изберат непристрасни, независни кандидати кои што се стручни за областа дискриминација.
Апелираме политичките партии да се воздржат од влијаннија, пратениците непристрасно да гласаат за предложените кандидати и кога ќе гласаат да размислуваат за тоа дека институциите се востановени за да им служат на граѓаните, не за да им служат на политичките партии, за задоволување на апетитите на нивното членство“, порача Пировска.
„Искрено се надеваме дека повторно ќе бидат избрани барем два независни кандидати затоа што видовме дека со изборот на тројца независни кандидати во претходниот состав, Комисијата навистина постигна резултати. Од страна на граѓаните беше перцепирана како независна институција, граѓаните беа охрабрени да пријавуваат дискриминација и одлуките што се носеа навистина беа издржани и даваа доверба. Ние, како граѓански сектор сме тука, имаме право да им поставуваме прашања на кандидатите, а со тоа да го дадеме и својот отчет за членовите кои што ќе бидат избрани“, кажаа претставниците на Мрежата за заштита од дикриминација.
ОБЈАВЕНО ВО ВЕСТИ
ВЕСТИ / НОВОСТИ / РЕАКЦИИ И СООПШТЕНИЈА
Собранието да избере независни професионалци кои ги исполнуваат законските услови за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
На 18.12.2023 во салата Борис Трајковски во Собранието на РСМ ќе се одржи Јавна расправа за утврдување на предлог листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за …
ОБЈАВЕНО НА 13 ДЕКЕМВРИ 2023 ОД ADMIN
На 18.12.2023 во салата Борис Трајковски во Собранието на РСМ ќе се одржи Јавна расправа за утврдување на предлог листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Собранието ја објави и листата на пријавени кандидати заедно со документите кои ги приложиле до Комисијата за прашањата за изборите и именувањата.
Од првичниот преглед на кандидатите, утврдуваме дека помеѓу нив има независни експерти, со долгогодишно докажано искуство во областа на антидискриминацијата и човековите права. Оттука, сметаме дека Собранието може да направи избор на квалитетни кандидати кои уште повеќе ќе ја унапредат работата на КСЗД. Законските критериуми за избор на членови на КСЗД се: седум години работно искуство од областа на човековите права од кои пет години во областа на еднаквост и недискриминација; 240 ЕКТС кредити; да е државјанин/ка на РСМ; во моментот на изборот со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна затвор од над шест месеци или забрана за вршење на професија, дејност или должност и да не е носител на функција во политичка партија. Бараме Комисијата за прашањата за изборите и именувањата воопшто да не ги земе предвид кандидатите за кои е јасно дека не ги исполнуваат законските критериуми и да не ги повика на интервју. На ваков начин ќе се превенира незаконски избор на кандидати кои не исполнуваат критериуми, а воедно ќе остави простор за дискусија и за избор на најдобрите кандидати од пријавените.
Го повторуваме клучното барање: Собранието да избере независни канидадти/ки по заслуга кои ги исполнуваат законските критериуми, а да не прави избор по партиски клуч.
КСЗД е независно тело за еднаквост чија ефикасност, непристрасност и исполнување на надлежностите е директно зависно од знаењата, екпертизата и интегритетот на комисионерите/ките. Кандидати кои немаат знаења и се избрани по партиски клуч не можат да штитат и да превенираат од дискриминација, особено имајќи предвид дека тие мандатот го должат на партиите, а не на сопственото знаења и искуство. Оттука, наместо еднаквоста на граѓаните, овие кандидати ќе ги штитат партиските и личните интереси од позиција на членови на КСЗД.
Потсетуваме дека КСЗД упеа да се промовира како ефикасна институција, а резултатите од работата беа препознаени и од страна на меѓународната заедница и Европската Комисија. Европската Комисија континуирано бара да се доекипира КСЗД и да се изберат членови по мерит. Избор на партиски кадри без искуство и знаење од областа значи ризикување на досега постигнатите резултати од областа на антидискриминација, клучна и за процесот на интергација во ЕУ.
Потсетуваме на законската обрвска членовите на Комисијата да го одразуваат составот на општеството во целина и при изборот на членовите да се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество. Оттука, бараме Собранието да избере минимум 3 жени, како и припадници на други маргинализирани групи како лица со попреченост, ЛГБТИ, Роми и други, кои ги исполнуваат законските критериуми.
Скопје, 13.12.2023
Лице за контакт: Тона Карева
+389 (0)2 3119 073 +389 (0)78 220 694
ОБЈАВЕНО ВО ВЕСТИ, НОВОСТИ, РЕАКЦИИ И СООПШТЕНИЈА
Разбивање стереотипи, разоткривање невистини и трасирање на патот за родова еднаквост
Денеска се одржи завршната конференција на Мрежата за заштита од дискриминација, насловена „Разбивање стереотипи, разоткривање невистини и трасирање на патот за родова еднаквост“. Конференцијата ја посветивме на потребите од унапредување …
ОБЈАВЕНО НА 31 ОКТОМВРИ 2023 ОД ADMIN
Денеска се одржи завршната конференција на Мрежата за заштита од дискриминација, насловена „Разбивање стереотипи, разоткривање невистини и трасирање на патот за родова еднаквост“.
Конференцијата ја посветивме на потребите од унапредување на родовата еднаквост во време на намалена политичка волја и антиродови кампањи кои сѐ повеќе го наметнуваат дискурсот служејќи се со пропаганда, дезинформации и говор на омраза.
– На првиот панел зборувавме за дискриминацијата кон жените од руралните средини, со фокус на нивното исклучување од правото на платено отсуство поради раѓање, бременост, мајчинство, болест и повреда.
На панелот го промовиравме документарното видео изработено во соработка со Види Вака „Земјоделки- светулки на маката и ги презентиравме клучните наоди и заклучоци од анализата „Меѓународни стандарди и компаративни практики за остварување на правото на парични надоместоци заради привремена спреченост за работа поради болест, повреда, бременост, раѓање и мајчинство“.
И покрај тоа што повеќе од 70 здруженија и мрежи побараа законско решавање на овој проблем, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утвдри дискриминација и препорача на надлежните министерства да направат законски измени, а Собранието едногласно го поддржа законското решение, веќе пола година Комисијата за здравство не го става законот на дневен ред.
– Вториот панел, насловен „Влијанието на антиродовите кампањи кон политиките за унапредување на родовата еднаквост“, имаше за цел да ја прикаже состојбата со антиродовите движења и опасностите од нивното влијание кон политиките за родова еднаквост и недискриминација.
– Кревката политичка волја по прашањата за родова еднаквост дополнително исчезна под влијание на антиродовите дивижења, каде Македонската православна црква ја гледаме како клучен актер.
Оттука, на панелот дискутиравме за потребите од дополнителна мобилизација и градење на резилиентност на движењето за родова еднаквост и донесувачите на одлуки со цел продолжување на напорите за унапредување на женските права, сексуалното и репродуктивно здравје и правата на ЛГБТИ луѓето.
ОБЈАВЕНО ВО ВЕСТИ / НАСТАНИ / НОВОСТИ
ОБЈАВЕНО НА 25 ОКТОМВРИ 2023 ОД ADMIN
Младите од општина Кривогаштани денес спроведоа акција со која повикаа на ИТНА заложба за формирање на локален младински совет.
Младите испратија порака дека е потребно младинско учество во пракса, а не само на хартија и дека постоењето на младински совет еправо, а не привилегија.
Акцијата беше поттикната од млади од општина Кривогаштани кои беа дел од работилницата за младински креативен активизам во Велес организирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права, а поддршка дадоа голем број млади лица од општина Кривогаштани.
Иницијативата има за цел да овозможи учество на младите во процесите на носење одлуки кои нив ги засегаат на локално ниво, како и нивна зголемена активност во подобрување на животот во локалната заедница.
Со формирање на локалниот младински совет во општината младите добиваат загарантиран канал за комуникација со локалните власти, се осигуруваат дека ќе се слушне нивниот глас и активно се вклучуваат во развој на локалната заедница од перспектива на младите и идните генерации. *Локалните креативни акции предводени од млади се организирани во рамките на проектот “Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка” поддржан од програмата Цивика Мобилитас.
ДЕПОНИСКИ ТУРИЗАМ низ креативен младински активизам
Креативна акција на младите за еко промени. Преку сатирична акција насловена „Депониски туризам“ младите од Кочани, Кривогаштани, Прилеп и Градско укажаа на проблемот со аерозагадувањето за жителите од с. Бели, …
ОБЈАВЕНО НА 25 ОКТОМВРИ 2023 ОД ADMIN
Креативна акција на младите за еко промени.
Преку сатирична акција насловена „Депониски туризам“ младите од Кочани, Кривогаштани, Прилеп и Градско укажаа на проблемот со аерозагадувањето за жителите од с. Бели, кое трае со години. Во непосредна близина на нивното село е лоцирана Кочанската депонија која поради негрижа на локалните власти предизвикува тешкотии во нормалното живеење и ризик по здравјето на граѓаните. Најстрашно е за време на летниот период кога има високи температури, отпадот сам од себе се запалува или од несовесните возачи, а чадот од огнот ги труе и задушува жителите на с.Бели кои досега во неколку наврати протестираа пред седиштето на Јавното комунално претпријатие во Кочани, пред влезот на депонијата и го блокираа и патниот правец спрема излетничкиот центар Пониква.
Екологистите и граѓаните бараат брза и ефикасна акција во интерес на здравјето на сите, па оттука, со оваа акција беа повикани локалните власти сериозно да го сфатат проблемот со аерозагадувањето и во најскоро време да се пронајде начин на управување, рециклирање и транспорт на отпадот во домаќинствата до друга локација, односно, доколку е возможно да се изврши дислоцирање на моменталната депонија до отпочнување со работа на предвидената регионална депонија.
Проблемите со загадувањето на животната средина, особено оние поврзани со депониите иако влијаат на целото население, непропорционално ги погодуваат жителите од руралните средини бидејќи најчесто се наоѓаат во близина на села. Во руралните средини живее посиромашно население со помали можности за пристап до здравствени и други услуги, справувањето со последиците од загадувањето е потешко за овие жители.
Акцијата е спроведена во рамките на проектот “Видливи, здружени и гласни – Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторка соработка” во рамки на програмата на Civica Mobilitas
ОБЈАВЕНО ВО ВЕСТИ
Завршна конференција на Мрежата за заштита од дискриминација„Разбивање стереотипи, разоткривање невистини и трасирање на патот за родова еднаквост“
Мрежата за заштита од дискриминација Ве поканува на конференција на 30.10.2023 (понеделник) со почеток од 10.00 часот во хотел Арка, Скопје. Конференција е посветена на потребите од унапредување на родовата …
ОБЈАВЕНО НА 20 ОКТОМВРИ 2023 ОД ADMIN
Мрежата за заштита од дискриминација Ве поканува на конференција на 30.10.2023 (понеделник) со почеток од 10.00 часот во хотел Арка, Скопје. Конференција е посветена на потребите од унапредување на родовата еднаквост во време на намалена политичка волја и антиродови кампањи кои сѐ повеќе го наметнуваат дискурсот служејќи се со пропаганда, дезинформации и говор на омраза.
На првиот панел ќе зборуваме за дискриминацијата кон жените од руралните средини, со фокус на нивното исклучување од правото на платено отсуство поради раѓање, бременост, мајчинство, болест и повреда. На панелот ќе биде промовирано документарното видео изработено во соработка со Види Вака „Земјоделки- светулки на маката и ќе бидат презентирани клучните наоди и заклучоци од анализата „Меѓународни стандарди и компаративни практики за остварување на правото на парични надоместоци заради привремена спреченост за работа поради болест, повреда, бременост, раѓање и мајчинство“. И покрај тоа што повеќе од 70 здруженија и мрежи побараа законско решавање на овој проблем, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утвдри дискриминација и препорача на надлежните министерства да направат законски измени, а Собранието едногласно го поддржа законското решение, веќе пола година Комисијата за здравство не го става законот на дневен ред.
Вториот панел е насловен „Влијанието на антиродовите кампањи кон политиките за унапредување на родовата еднаквост“ и има за цел да ја прикаже состојбата со антиродовите движења и опасностите од нивното влијание кон политиките за родова еднаквост и недискриминација. Кревката политичка волја по прашањата за родова еднаквост дополнително исчезна под влијание на антиродовите дивижења, каде Македонската православна црква ја гледаме како клучен актер. Оттука, на панелот ќе се дискутира за потребите од дополнителна мобилизација и градење на резилиентност на движењето за родова еднаквост и донесувачите на одлуки со цел продолжување на напорите за унапредување на женските права, сексуалното и репродуктивно здравје и правата на ЛГБТИ луѓето. За повеќе информации обратете ни се на mrezazazastitaoddiskriminacija@gmail.com или на 023214269.
10.00- 10.30 Воведни говори
Александра Цветановска, претседателка на Македонско здружение на млади правници
Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншки Комитет
Исмаил Камбери, претседател на Комисија за спречување и заштита од дискриминација
10.30- 12.00 Панел 1: Заштита од дискриминација на жените од руралните средини
Промоција на документарно видео изработено во соработка со Види Вака „Земјоделки- светулки на маката“ (20 мин.)
Состојбата со правата на земјоделците во РСМ: аспект на социјални, работнички права и родова еднаквост– Неда Чаловска, независна експертка (10 мин.)
Презентација на клучните наоди и заклучоци од анализата „Меѓународни стандарди и компаративни практики за остварување на правото на парични надоместоци заради привремена спреченост за работа поради болест, повреда, бременост, раѓање и мајчинство“- м-р Гоце Коцевски, програмски директор, Македонско здружение на млади правници (10 мин.)
Системска дискриминација и родова нееднаквост на жените во руралните средини од аспект на правото за човекови права- д-р Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Комисија за еднакви можности на мажите и жените, Собрание на Р.С.Македонија (10 мин.) – tbc
Унапредување на правата на земјоделките и постигнување родова еднаквост во руралните средини преку измени на законодавството – Лолита Ристова, претседателка на Клуб на пратенички, Собрание на Р.С.Македонија (10 мин.) – tbc
Модераторка: Марина Тошеска, ЛАГ Агро Лидер
12.00 – 12.30 Кафе пауза
12.30- 13.30 Панел 2: Влијанието на антиродовите кампањи кон политиките за унапредување на родовата еднаквост
Политики на страв и морална паника во контекст на антиродова мобилизација. Вовед во стратегиите, дискурсите и застапувачки успеси на антиридоивите движења во Р.С.Македонија – д- р Ирена Цветковиќ, извршна директорка на Коалиција Маргини
Кој им мисли добро на децата? Влијанието на антиродовите движења во образовните политики и психо-социјалниот развој на децата – д-р Ана Блажева, психолог и психотерапевт „Псиохотерапика“
Политики за родова еднаквост по мерка на верските заедница. Дали е можно креаторите на политики да одолеат на антиродовата пропаганда?- Санела Шкријељ, пратеничка во Собранието на Р.С. Македонија
Улогата на телата за еднаквост во спротиставување на влијанието на антиродовите движења– Игор Јадровски, член на Комисија за спречување и заштита од дискриминација
Модераторка: м-р Драгана Дрндаревска, Коалиција Маргини 13.30 Коктел
ОБЈАВЕНО ВО ВЕСТИ / НАСТАНИ / НОВОСТИ
Конференција „Социјални, здравствени права и родова еднаквост во руралните средини“ во рамките на глобалното одбележување на 15ти Октомври – Меѓународниот ден на руралните жени.
ЛАГ Агро Лидер во соработка со Мрежата за дискриминација на 16.10.2023 во Градската Библиотека „Борка Талески“ во Прилеп ја одржаа конференцијата „Социјални, здравствени права и родова еднаквост во руралните средини“ …
ОБЈАВЕНО НА 17 ОКТОМВРИ 2023 ОД ADMIN
ЛАГ Агро Лидер во соработка со Мрежата за дискриминација на 16.10.2023 во Градската Библиотека „Борка Талески“ во Прилеп ја одржаа конференцијата „Социјални, здравствени права и родова еднаквост во руралните средини“ во рамките на глобалното одбележување на 15ти Октомври – Меѓународниот ден на руралните жени.
На конференцијата беше промовирано документарното видео „Земјоделки- светулки на маката“ изработено во соработка со Види Вака.
https://youtu.be/qXrQqc6fQAY?si=BqXUiSg8RBYRsJfc
Целта на конференцијата е да ги претстави состојбите со дискриминација во пристапот до здравствени и социјални права и родова еднаквост во руралните средини. Земјоделките сѐ уште немаат право на платено породилно отсуство и покрај тоа што Собранието во мај оваа година едногласно ја изгласа потребата од донесување на „Предлог на закон за измени и дополнување на Законот за здравствено осигурување“ со кој се овозможува платено породилно отсуство за земјоделки. Земјоделци(ки)те немаат нити право на платено отсуство поради болест и повреда на работно место, додека земјоделството претставува високо ризична и тешка професија со бројни последици при здравјето.
На конференцијата се обратија претставници на граѓански организации односно преглед на СОСТОЈБАТА СО ПРАВАТА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО РСМ:
АСПЕКТ НА СОЦИЈАЛНИ, РАБОТНИЧКИ ПРАВА И РОДОВА ЕДНАКВОСТ беше даден од Неда Чаловска, независна експертка
КЛУЧНИТЕ НАОДИ И ЗАКЛУЧОЦИ ОД АНАЛИЗАТА „МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ И КОМПАРАТИВНИ ПРАКТИКИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗАРАДИ ПРИВРЕМЕНА СПРЕЧЕНОСТ ЗА РАБОТА ПОРАДИ БОЛЕСТ, ПОВРЕДА, БРЕМЕНОСТ, РАЃАЊЕ И МАЈЧИНСТВО“ изработена од Мрежата за заштита од дискриминација ги презентираше м-р Гоце Коцевски, од Македонско здружение на млади правници
Свое излагање за ПРАВАТА НА ЗЕМЈОДЕЛКИТЕ НИЗ ПРИЗМА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОБВРСКИ НА РСМ (КОНВЕНЦИЈА ЗА ЕМИЛИНАЦИЈА НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ЖЕНИТЕ) имаше Стојан Мишев, од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ
А за УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РАМКА СО ЦЕЛ СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА КОН ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ/КИТЕ говореше м- р Драгана Дрндаревска, од Коалиција Маргини
Оваа конференција е апел до креаторите на политики да ја препознаат критичната улога и придонесот на руралните жени во зајакнувањето на земјоделскиот и руралниот развој, и да обезбедат заштита од дискриминација, еднаков пристап до права – како право на породилно отсуство, право на боледување, и да инвестираат во политичко и социо-економско зајакнување на руралните жени поддржувајќи го нивното целосно и рамноправно учество во одлучувањето на сите нивоа
Реакција: Убиството во Кочани е фемицид! Бараме преквалификување на делото
Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово базирано насилство, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, Основното јавно обвинителство …
ОБЈАВЕНО НА 23 СЕПТЕМВРИ 2023 ОД ADMIN
Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово базирано насилство, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, Основното јавно обвинителство Кочани го квалификуваше како убиство на свиреп начин, со што се потврдува фактот дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово базираното насилство.
Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело –Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и и задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место“ – стои во соопштението на ЈО Кочани.
Ова несомнено покажува дека фемицидот како родово базирано насилство повторно не е препознаено. Оттука, бараме Основното јавно обвинителство да го преквалификува кривичното дело – фемицидот во Кочани согласно член 123, став 2, точка 2а – друг ќе лиши од живот жена или девојче до 18 години, при вршење на родово-базирано насилство, согласно последните измени на Кривичниот законик.
Дополнително, Платформата за родова еднаквост ќе поднесе барање до државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски за преквалификување на делото, согласно член 123 став 2, точка 2а.
ОБЈАВЕНО ВО РЕАКЦИИ И СООПШТЕНИЈА
Реакција: Уште еден фемицид поради непостапување на институциите
Згрозени од најновиот случај на фемицид, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, се сомневаме дека институциите не постапиле …
ОБЈАВЕНО НА 27 СЕПТЕМВРИ 2023 ОД ADMIN
Згрозени од најновиот случај на фемицид, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, се сомневаме дека институциите не постапиле според своите надлежности и бараме да се утврди одговорност.
Не, не станува збор за немил или трагичен настан, како што известија некои медиуми, туку станува збор за убиство, фемицид, којшто како таков треба да биде квалификуван и претставуван во јавноста. Затоа што ниту е трагичен случај, ниту е немил настан, туку е убиство на жена – фемицид и е најсериозниот вид на родово базирано насилство.
Дали институциите постапиле? Очигледно дека жртвата не добила соодветна заштита и дека системот на заштита потфрлил, особено заради тоа што видовме дека повеќе пати било пријавувано од страна на жртвата. Во каков однос биле осомничениот и жртвата во овој случај воопшто не е значајно затоа што станува збор за родово базирано насилство.
Ова навистина отвора сомнеж за тоа дали соодветно и со должно внимание било постапувано од страна на институциите и дали пријавите што ги поднела жртвата биле третирани како пријави за родово базирано насилство и дали биле преземени сите соодветни мерки, како од полицијата, зато што жртвата пријавувала во полиција, така и од обвинителството, но и од центарот за социјални работи, како институции кои што треба да пружат заштита на жртвите на родово базирано насилство.
Пред само еден месец се случи фемицид и во Куманово со две жртви кои исто така неколку пати пријавувале насилство, но и во тој случај институциите не реагирале со должно внимание, навремено и според своите надлежности.
Сето ова покажува дека нивото на свесност и на знаење се’ уште е ниско и дека навистина има потреба од зголемување на капацитетите на институциите да постапуваат во овие случаи, затоа што повторно се случува фемицид и веќе не смееме повторно во иднина да се соочуваме со овој проблем.
И овој случај го потврдува сознанието дека сите напори за справување со овој проблем се недоволни ако не се придружени со соодветно институционално постапување. Ваквото постапување во случаи на родово базирано насилство само дополнително го зголемува и онака високиот степен на недоверба во надлежните институции. Сето ова значително влијае граѓаните да бидат демотивирани да го пријават насилството, што пак директно ја зголемува веројатноста насилството да кулминира со убиство.
Секоја трагична смрт на жена само зашто е жена нѐ остава со горчливото сознание дека сите напори на граѓанскиот сектор за справување со овој проблем (подигнување на свеста, поддршка за жртвите на насилство и застапување за системски промени) се едноставно недоволни ако не се придружени со поширока институционална и општествена акција. Семејното и родово базираното насилство не е приватна работа.
Очекуваме дека институциите соодветно ќе ја завршат својата работа во однос на понатамошното постапување по случајот и дека правилно ќе го квалификуваат делото како убиство при вршење родово базирано насилство. Она на што укажува овој и бројни други случаи е потребата институциите да започнат да работат и во рамки на својата превентивна улога за заштита од родово базирано насилство, со цел овие случаи да немаат вакви фатални завршници.
Ги повикуваме и медиумите со должно внимание да известуваат за овој случај, особено ако ги имаме предвид коментарите што ги читаме по објавите на оваа вест, што е особено загрижувачки и покажува дека и јавноста има потреба од зголемување на знаењата во однос на родово базираното насилство и фемицидот.
ОБЈАВЕНО ВО РЕАКЦИИ И СООПШТЕНИЈА
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација треба да прави разлика помеѓу институтите поттикнување дискриминација, вознемирување на дискриминаторска основа и говор на омраза
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во изминатиот период одлучуваше во две поврзани претставки поднесени од страна на Коалицијата Маргини и Скопски квир центар. Предмет на претставките е статус …
ОБЈАВЕНО НА 11 СЕПТЕМВРИ 2023 ОД ADMIN
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во изминатиот период одлучуваше во две поврзани претставки поднесени од страна на Коалицијата Маргини и Скопски квир центар.
Предмет на претставките е статус на Фејсбук на Драгана Спасевска, една од гласноговорничките на анти-родовите движења, во кој прикажува фотографија од вежба за среќно семејство на која се прикажани слики од истополови двојки и која наводно била дадена во основното училиште Свети Кирил и Методиј во општина Центар. Со фотографијата го објавува следниот текст:
“Домашна работа за I-во одделение во ОУ. “Св. Кирил и Методиј’ Скопје-центар. Ваква “грешка“ на наставник кој го дал ова работно ливче и не е баш грешка. Јетон Шакири министре! Кога веќе имате најава дека ќе вршите измени во законот за основно образование, тогаш веднаш да ги измените и членовите од законот во кој се вметнати термините кои се против уставни и без законска регулатива! Знаете добро за што зборувам! Секое полнолетно лице нека избере што сака и нека се определи како сака, но тој, па ни било кој друг нема право да го наметнува ова на НАШИТЕ ДЕЦА од најрана возраст! Семејството го сочинуваат МАЈКА И ТАТКО! МАЖ И ЖЕНА! БЕРЕТЕ УМ!“.
Овој статус го сподели директорот на основното училиште во Прилеп, Ахил Јаков, на што допиша: „До развратните: Рецептот за среќно семејство го сочинуваат мајка татко и деца (маж и жена)!!! Овие психо – развртени – неуротични – обратно згрешени работи како долу на сликата нема да ги учат нашите ученици!!!“.
Двата случаи беа пријавени во КСЗД со посебни претставки. По претставката против Ахил Јаков, КСЗД утврди дискриминација во форма на вознемирување врз основа на сексуална ориентација, согласно основот и обликот на дискриминација наведени во претставката. Согласно позитивна регулатива i судската практика на Европскиот суд за човекови права, говорот кој го употребува Ахил Јаков е несомнено говор на омраза. Со него истополовите двојки, различни од сите останати по сексуалната ориетација грубо се навредуваат, се прикажуваат како штетни за општетството, а особено за децата.
Но, Комисијата не утврди поттикнување на дискриминација од страна на Драгана Спасевска. Со претставката се бара утврдување на повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација врз основа на сексуална ориентација. Во претставката е наведено дека статусот сам по себе е дискриминаторски и промовира идеја дека истополовите двојки не се еднакви со хетеросексуалните, дека се штетни, непожелни, а особено е штетно децата да знаат дека вакви двојки постојат и дека имаат право на семејство. Со цел да се потенцира разликата помеѓу институтите говор на омраза и повикување и поттикнување дискриминација, во претставката се наведува дека „статусот сам по себе ја нема преминато линијата на говор на омраза, односно на директен начин не ги претставува ЛГБТИ луѓето како болни, штетни, морално корумпирани и слично. Статусот поттикнува дискриминација на непосреден начин, односно создава дискурс во кој истополовите двојки т.е. хомосексуалците се прикажуваат како штетни, болни, а нивните врски не се соодветни за да бидат опфатени во образованието.“ Таквото резонирање на Комисијата не е базирано врз позитивните прописи и претставува сериозно мешање на квалификациите на правните институти „говор на омраза“ и „повикување и поттикнување на дискриминација“.
Разлики помеѓу вознемирување, говор на омраза и повикување и поттикнување дискриминација
Во националното антидискриминационо законодавство, се прави разлика помеѓу вознемирување (и сексуално вознемирување) и повикување, поттикнување и инструкции за дискриминација. Националното антидискриминационо законодавство не го користи терминот „говор на омраза“. Согласно законот, вознемирувањето е несакано постапување кон лице или група врз дискриминаторски основи што има за цел или последица, повреда на достоинството или создавање на заканувачка, непријателска, понижувачка и засташувачка средина, пристап или практика[1]. Со оваа широко поставена дефиниција се обезбедува заштита од говор на омраза[2], но и од говор кој нужно не ги исполнува сите елементи на говорот на омраза, туку доволно е да вознемирува на дискриминаторска основа. Поттикнувањето на дискриминација е дефинирано како секоја активност со која посредно или непосредно се повикува, охрабрува или дава упатства или поттикнува да се изврши дискриминација. Оттука, самиот член прави разлика помеѓу различни дејства, да се повикува, да се поттикнува и да се даваат инструкции. Притоа, се предвидува дека овие дејства можат да се извршат посредно или непосредно. За повик на дискриминација врз основа на сексуална ориетација може да се смета говор со кој се повикува власта да не овозможи некое право на ЛГБТИ луѓето кое го имаат останатите (на пример, брак, партнерство и слично). Инструкциите за дискриминација се конкретни дејства во кои едно лице му кажува на друго на кој начин да изврши дискриминација, на пример, сопственикот на кафулето му вели на келнерот да не прима геј и транс лица. Поттикнувањето дискриминација е многу пошироко, тука можат да влезат дејства со кои се шират идеи за нееднаквост на една група во однос на друга на дискриминаторска основа. Во статусот на Драгана Спасовска има елементи на повикување и поттикнување дискриминација.
Во расудувањето Комсијата не прави разлика помеѓу вознемирување, говор на омраза и поттикнување дискриминација, иако и самот закон и правната теорија ги разликуваат овие поими. Говорот на омраза е дефиниран низ практиката на ЕСЧП, а Комисијата ги користи овие дефиниции и ги применува при одлучувањето дали одредно дејство е поттикнување дискриминација.
„За одредено дејствие да се смета за повикување на дискриминација, истото мора да содржи нешто што претставува навреда, клевета, исмевање или друго дејствие кое би поттикнало дискриминација…“ – се вели во мислењето на Комисијата.
Во мислењето КСЗД наведува дека Драгана Спасевска не упатила невреди, исмевање и клеветење на ЛГБТИ луѓето, од каде не извршила поттикнување на дискриминација. Навреди, исмевање и клеветење кои се засноваат на дискриминаторска основа се елементи на говор на омраза образложени, меѓудругото, и во случајот Вејдланд и други против Шведска[3]. За поттикнување дискриминација, соглсно ЗСЗД, доволно е и непосредно охрабрување. При расудувањето КСЗД, пред сѐ, треба да ги има предвид законските дефиниции, кои понатаму ги дополнува со релевантна судска практика на ЕСЧП и други меѓународни тела за човекови права, вклучително и мекото право. Притоа, клучно е да се земе предвид степенот на заштита која ја нуди КСЗД како квази-судско тело. Во случајот Вејдланд против Шведска (и други случаи за кои има одлучувано ЕСЧП[4]) станува збор за кривично-правна заштита од говор на омраза. Кривично-правната заштита од говор на омраза е суштествено различна од квази-судската заштита на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која земајќи ги предвид последиците кон сторителот, има повеќе симболичен, превентивен и деклараторен карактер. Со поднесување на претставка до КСЗД не се бара кривично да се осуди сторителката што има далеку посериозни последици, туку телото за еднаквост да утврди поттикнување дискриминација, да препорача да се извини и да се воздржи од ваков говор во иднина. Токму поради можните разлики во интензитетот, контекстот и сериозноста на одреден говор, постојат овие различни институти и државите предвидуваат различен степен на одговорност за говор со различен интензитет. Па така, КСЗД може да утврди дискриминација во случаи во кои станува збор за говор на омраза за кој пропорционална би била кривична санкција (во вакви случаи може да прпорача на органите за прогон да иницираат истрага и обвинителни акти), но исто така, може да утврди некој облик на дискриминација и за говор со помал интензитет и сериозност, за кој пропорционална санкција би било препознавање како таков од страна на тело за еднквост, препорака, административна казна, јавна осуда и друго.
Во мислењето КСЗД го цитира случајот Хендисајд против Обединетото Кралство, кој е комплетно неапликативен за предметот на претставката. Во Хендисајд не се работи за говор на омраза, туку за кривична осуда на издавач на книга која според властите имала непристојни содржини. Земајќи го предвид предметот на случајот (книга која има за цел да ги едуцира тинејџерите за сексот), цитираниот дел од пресудата во кој се тврди дека слободата на изразување не вклучува само “информации или идеи кои се поволно примени или се сметаат за ненавредливи или како прашање на индиферентност, туку и оние кои ја навредуваат, шокираат или вознемируваат држатата или кој било дел од населението“, се однесува на содржини кои на афирмативен начин зборуваат за сексуалноста, вклучително и хомосексуалноста. Комисијата пропуштила да направи разлика помеѓу говор кој ја шокира јавноста и кој ја ужива заштитата дадена од слобода на изразување, поради прикажување на поинакви ставови од доминантната норма, наспроти говорот на Драгана Спасовска кој има за цел негирање на афирмацијата на правата на истополовите двојки и создавање средина на нетолеранција. Говорот, предмет на претставката, е насочен против правата на маргинализирана група, тој не го вознемирува мнозинството и државата, напротив ја продлабочува фанатичната институционализирана омраза кон ЛГБТИ луѓето.
Неземање предвид дека повикувањето и поттикнувањето дискриминација било успешно
На статусот има околу 700 реакции, 320 споделувања и повеќе од 60 коментари со експлицитен говор на омраза (навреди, омаловажувања, клеветења и повици за насилство и убиство)[5]. Коментарите содржат говор на омраза, или со јазикот на ЗСЗД, вознемирување врз основа на сексуална ориетација и родов идентитет. Ова е видливо и од статусот на директорот Ахил Јаков, кој го сподели статусот и со својот коментар стори вознемирување врз основа на сексуална ориетација, препознаено од Комисијата. Со други зборови, Драгана Спасовска успешно поттикна дискриминација, во форма на вознемирување врз основа на сексуална ориетација, што Комисијата го утврди во случајот на Ахил Јаков.
Но, Комсијата во мислењето трвди дека не постои причинско-последична врска помеѓу статусот и коментарите под статусот од каде утврдува дека пријавената не е одговорна за коментарите. Причината било тоа што статусот бил упатен кон Министерот за образование, а не кон ЛГБТИ заедницата, без притоа да се земе предвид дека со статусот Драгана Спасовска бара од Министерот да се скратат правата на заштита од дискриминација на ЛГБТИ луѓето во образованието и да не се прикажуваат нивните заедници како еднакви со хетеросексуалните. Не е јасно како Комисијата не ја гледа причинско-последичната врска помеѓу статус со кој се бара МОН да ги тргне одредбите за заштита од дискриминација во Законот за основно образование и да не ги прикажува истополовите зеадници како еднакви и коментари во кои ЛГБТИ луѓето се клеветат, навредуваат и се бара да се убијат. Целта е иста, коментарите се само поекстремен начин на промовирање на идеи за нееднаквост на ЛГБТИ луѓето.
Но дури и Комисијата да не ја гледа причинско-последичната врска, коментарите кои содржат вознемирување под статусот се факт. Пријавената не ги избришала коментарите пред приемот на претставката. Согласно практиката на ЕСЧП, оној кој има моќ/можност да модерира коментари има обврска и одговорност истото да го стори[6].
Контекстот е клучен
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е национално тело за еднаквост, кое во изминатиот период одлучуваше за повеќе претставки за вознемирување врз основа на род, сексуална ориентација и родов идентитет на социјалните мрежи сторени од различни актери од анти-родовото движење, како што е пријавената Драгана Спасовска. Комисијата во рамки на своите надлежности има обврска да ги следи состојбите во областа на родовата еднаквост и да ги користи своите надлежности за да се спротистави на обидите за уназадување на еднаквоста. Но, дури и тоа да не е случај, Комисијата и врз основа на своето предметно работење мора да била информирана за делувањето на анти-родовите движења и ефектите од овие кампањи. Комисијата нужно требала да земе предвид дека ова не е изолиран случај во кој пријавената и нејзините соработници поттикнуваат дискриминација кон ЛГБТИ луѓето, туку станува збор за организирана кампања на повеќе актери со која се застапуваат против родовата еднаквост и против унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето, притоа служејќи се со дезинформации и говор на омраза.
Како национално тело за еднаквост, согласно нејзините законски надлежности за промоција на еднаквост, Комисијата треба да биде клучен агент за унапредување на родовата еднаквост и правата на ЛГБТИ луѓето, што подразбира информирање на институциите и јавноста за анти-родовите движења, подигнување на свеста за опасноста од нивните капањи и застапување за донесување на закони и политики за афирмација на родовата еднаквост и ЛГБТИ правата. Но, до сега, не следиме значајна активност на Комисијата во областа на родовата еднаквост и во спротиставувањето на анти-родовите движења. Напротив, со неутврдувањето на поттикнување дискриминација во овој случај, Комисијата придонесува кон легитимирање на овие движења и на злоупотребата на човековите права за негирање на правата на другите.
Заклучок и препораки
Ова мислење на Комисијата е непрофесионално бидејќи се одликува со несоодветна примена на правни институти, нивно неразликување, како и нелогично и недоволно аргументирано правно расудување. Комисијата не ги користи доволно своите надлежности од експертската и певентивната функција во унапредување на родовата еднаквост и ЛГБТИ правата, особено земајќи предвид дека еднаквоста врз основа на род, сексуална ориетација и родов идентитет се ставени во опасност од страна на засилена мобилизација на анти-родовите движења.
Мрежата препорачува Комсијата да ги зајакне своите капацитети во препознавање и разликување на вознемирување,повикување и поттикнување дискриминација и говор на омраза и да ги зајакне своите знаења за меѓународните стандарди во овие области, со цел соодветно да ги користи во работењето по предмети. Мрежата препорачува Комисијата активно да ги мониторира состојбите во областа на родовата еднаквост и ЛГБТИ права, вклучително и антиродовите движења, да известува и да ја инаформира јавноста. Исто така, Комсијата треба активно да се вклучи во процесот на застапување за донесување на Законот за родова еднаквост и предлог Законот за матична евиденција и проактивно да бара и да предлага унапредување на политиките и практиките.
[1] Член 10 став 1, ЗСЗД
[2] “Под говор на омраза се подразбираат сите видови изразување кои поттикнуваат, промовираат, шират или оправдуваат насилство, омраза или дискриминација против личност или група на лица, или кои омаловажуваат, поради вистински или припишани лични карактеристики или статус, како раса, боја, јазик, религија, националност, национално или етничко потекло, возраст, попреченост, пол, родов идентитет и сексуална ориентација.“ Recommendation CM/Rec(2022)16[1] of the Committee of Ministers to member States
on combating hate speech (Adopted by the Committee of Ministers on 20 May 2022 at the 132nd Session of the Committee of Ministers)
[3] CASE OF VEJDELAND AND OTHERS v. SWEDEN (Application no. 1813/07), 9 February 2012
[4] Лилиендал против Исланд, Беизарас и Левицкас против Литванија и други.
[5] Дел од кометарите се: “Сатанисти; Уште во I одд., перење мозоци! Изроди! ; Некој се труди да ја уништи главната клетка на ова општество.; Изроди; Ма све по списку што е новоизмислено треба да се запали; Овие книги под итно треба да се запалат и да се стави точка на едно вакво силување на нашите деца!; Се тера америчка болна пропаганда; Што е овааааа? Гилотина е спас, друго чаре немаааа. ; Види мал…ни виа треба под итно на кладиво на сред плоштад и тиа шо ги пишел овие книги и тиа што дозволил да се печатат.; Ќе не стигне некое проклетство и ќе исчезни човечкиот род! “
[6] Delfi AS v. Estonia – 64569/09, Judgment 10.10.2013
ОБЈАВЕНО ВО РЕАКЦИИ И СООПШТЕНИЈА
ОБЈАВЕНО НА 10 МАЈ 2023 ОД ADMIN
Веста е преземена од ТВМ Охрид
На 05.05.2023 во просториите на Младинскиот центар во Охрид, претставници на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пред претставниците од локалната самоуправа и невладиниот сектор, го промовираа Закон за спречување и заштита од дискриминација.
Мал е бројот на претставки од граѓаните од внатрешноста до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Според комисијата на ниво на држава најдискриминирана е ЛГБТ заедницата во областа на медиумите и јавното информирање, каде граѓаните кои имаат пристап пример на социјалните мрежи како фејсбук и шират говор на омраза спрема припадниците на оваа заедница. Потоа следува дискриминацијата на работното место и дискриминацијата по основ на политичка определеност, особено во јавниот сектор. Само дваесетина претставки во изминатиов период се нотирани од охридскиот регион вели претседателот на Комисијата Исмаил Камбери.
„За жал во овој регион, Охрид, Струга имаме многу мал претставки, највеќе 20 дали има. Целта е да се запознаат граѓаните како да преознаат дискриманицја бидејќи некој може да биде дискриминиран а да не знае дека е дискриминиран. Во принцип се во областа на работата и работните односи и имаме неколку само во однос на социјалните мрежи дикриминаторски односи врз различни основи.“ – кажа Исмаил Камбери – претседател на Комисијата заа спречување и заштита од дискриминација.
Кога Комисијата утврди мислење дека постои дискриминација, дава препорака за отстранување на дискриминацијата. Таа препорака има рок од 1-6 месеци. Доколку дискриманаторот не постапи по препораката Комисијата покреннува прекршочна постапка кон дискримнаторот. Казните се од 15-400 евра за физичко лице до 10.000 евра за правно лице. Но законите не треба да останат на хартија . Доколку сакаме да градиме здраво општество овие закони мора да се имплементираат вели Јулијана Настоска Петреска – социјален работник. Целната група со која ние работиме, вели Петреска доста е запознаена со тоа што е дискриминација и кои се нивните права.
„Сме имале доста примери на дискриминација особено во здравствениот сектор бидејќи самиот факт дека станува збор за зависници од дрога и сексуални работнички, ако се дознае во мала средина како Охрид автоматски се дискриминирани и се случува да не можат да добијат здравствени услуги бидејќи се од таа целна група.“– Јулијана Настоска Петреска – социјален работник НВО Опција.
Инаку во нашата земја дискриминацијата е забранета со уставот и Законите, како и со посебниот Закон за спречување и заштита од дискриминација.
На денешната трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во општина Охрид во организација на здружението Опција, присуствуваше и Градоначалникот Кирил Пецаков, кој потенцираше дека креирањето на еднакво и праведно општество, е од суштинска важност за позитивен развој на локалните заедници,но и на државата во целост.
„Мора да се потрудиме да ги учиме и воспитуваме идните генерации на поголема, емпатија љубезност и соживот. Само така ќе знаеме дека сме на вистинскиот пат и дека градиме подобар свет за сите нас. А, Општина Охрид и понатаму ќе продолжи да биде отворена за соработка да ги слушне потребите , да реалзиира проекти за поголема социјална правда но и сигурност.“ – кажа градоначалникот Пецаков.
Трибината во Охрид насловена „Здружени и гласни за општество без дискриминација, имаше за цел промоција на Законот за спречување и заштита од дискриминација за охрабрување на локалното население да ги пријавува случаите на дискриминација за градење поеднакво и поправедно општество за сите без предрасуди. Трибината е организирана во рамките на проектот „Видливи, здружени и гласни“ поддржан од програмата на Цивика Мобилитас како еден вид акција за недискриминација и еднакво учество преку мулти-секторска соработка.
ОБЈАВЕНО ВО ВЕСТИ / НАСТАНИ / НОВОСТИ